Договор за користење
ВО ВАШ ИНТЕРЕС Е ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ОВОЈ "ДОГОВОР ЗА КОРИСТЕЊЕ" НА иКОРЧАГИН ПЛАТФОРМАТА. ОВОЈ ТЕКСТ Е ПОЖЕЛНО ДА ГО ОТПЕЧАТИТЕ.
Член на иКорчагин може да биде секој кој матурирал во средното училиште "Раде Јовчевски - Корчагин" во Скопје, Република Македонија.
иКорчагин и Администраторот се обврзуваат личните податоци на запишаните корисници да бидат применувани само за потребите на иКорчагин платформата и иМејл вестите кои понекогаш иКорчагин ќе ги праќа до своите корисници.
Секоја злоупотреба на личните податоци на иКорчагин платформата е казнива со законот.
Секое претставување со туѓо име и презиме, иМејл адреса, лозинка или било кој туѓ личен податок е казниво со законот (домашен и интернационален).
иКорчагин платформата и Администраторот не се одговорни за содржините кои запишаните корисници ги објавуваат на оваа платформа во било која негова секција.
Апсолутно секој кој употребува погрдни зборови и навреди кон било која личност и оваа платформа врз основа на националност, вера, убедување, пол или сексуална ориентација, ќе биде веднаш одстранет од системот со вечен забранет пристап на оваа платформа.
иКорчагин
|